lunes, 21 de enero de 2019

АТОЛЕ- Atole

Атоле- Atole 

Топол напиток


Мексико е земја каде што зимата не е толку ладна како во Македонија, но зависно од регионот, зимките температури знаат да паѓаат под нула. За тие ладни денови атоле е еден кремаст топол напиток кој го овошаваат сите членови на семејството и кој е дел од прекрасната мексиканска кујна.

Зборот атоле доаѓа од Нахуатл (јазикот на ацтеките) "атоли", што значи "воден пијалок". Во времето на Ацтековската империја, атолето било обичен и многу популарен пијалок. Го готвеле од варенa пченка, која по варењето се мелела и се растворала со вода. Некогаш додабале мед, чили или какао (кој исто така потекнува од мојата земја).  Мора да завелешам дека пченката потекнува од Мексико и истата стигнала во Европа после шпанската окупација во XVI век.

По доаѓањето од Шпанците почнало да се користи млеко и да се додава суров шеќер од шеќерна трска.  Во денешно време користиме рафиниран шеќер и додаваме овошја како ананас, гуава, јагоди или ореви.  Можеме да постигниме пијалок со прекрасен арома и вкус додабајки ванила, која потекува од Мексико, цимет, бадем, портокалова или лимонска кора.
Суров шеќер. 

Текстурата на атолето е слична на онаа од густ салеп или топло чоколадо што купуваме во Македонија. Топлото чоколадо што се продава во Македонија, во Мексико го знаеме како atole de chocolate, или чоколадно атоле. Ако е направено по традиционален рецепт, се вика чампурадо (champurrado), кој може и да се купува од улични тезги.

Постојат многу различни начини да се направи овој топол пијалок. Атолето може да се готви со пченкарно брашно, овес, нишесте или ориз, само да се споменат неколку начини.

Вообичаено се користи тесто од пченка која се варела во вар (никстамализирана пченка). Но освен ако живејте во Мексико или во Централна или Јужна Америка, е тежко да се наоѓа такво тазе тесто. Вкусот што се довива со просецот на никстамализирање е исти како тој што се добива кога пченката ја вариме со пепел, како што уште прават многу жени во Македонија. Но да бидам искрена, сеуште немам провано да готвам атоле со таква пченка.

Еден друг начин да се готви атоле е со користење суво пченкарно никстамализирано брашно. Тоа значи врашно од пченка која била варена со вар. Во Мексико такво брашно се продава во пакувања но бидејќи тешко е да се добие во Македонија, јас ќе ви споделам рецепти со кој нема да има потреба од такво брашно.

Денес во маркетите и самопослуги низ Мексико достапни се кеси за готвење на вакви напитоци во раслични вкусови, како ванила, јагода, кокос и многу други. Во Македонија можеме да готвиме атоле како модерните домакинки во Мексико, ако една кеса од пудинг ја раствориме со поголема количина млеко од таа што е напишана на паковката. Така нема да довијеме пудинг, туку еден кремастен напиток кој ќе го пјеме исто како и милјони мексиканци го пијат секој ден.

Мајка ми не готвеше атоле многу често, но кога готвеше купуваше кесички за атоле. Почесто го пиевме на утро но некогаш и за времето на мериенда (мал оброк меѓу ручек и вечера) заедно со pan dulce (благ леб). Прв пат го провав вистинското атоле од една жена која одеше со еден термос низ тезгите од еден  огромен отворен пазар во градот каде што жибеев. Вкусот е многу богат кога се користи никстамализирано брашно, но за тоа ке мора да чекаме да имам прилика да експериментирам со пченка варена со пепел.

За сега, јас ќе ве научам да се готви  Atole de Elote/ Пченкарно атоле.

Аtole de Elote/ Пченкарно атоле. 

Состојки

2 чаши варена пченка (само зрната)
4 чаши млеко
3/4 чаша вода
1/2 стапче од цимет или цимет во прав по желба
7 супени лажици шеќер
5 супени лажици пченкарен скров (нишесте).

Оваа верзија на Atole користи свежа пченка и пченкарен скроб (нишесте), кој можете да го замените по една кеса од прашок за готвење на пудинг. Ако користете пудинг од чоколадо или ванила, можете да го додавате циметот, но со други вкусови не е препорачлив освен ако вас тоа ви се допаѓа. Вкусот на ванила можете да го добијете со екстракт, на македонскиот пазар најдобар што сум го нашла е од Др. Откер, и е достапен во сите маркети. Најдобро, се разбира, е да се користи оригинален природен мексикански екстракт од ванила. Исто така, можете да додавате кора од лимон или од портокал по ваша желба.

Начин на подготовка

1. Растворете го пченкарниот сков и шеќерот во водата  и тргнетего на страна.

2. Пченката се мели во влендер заедно со една чаша млеко. Се цеди во тенџере.

3. Во тенџерето ги додаваме останатите состојки и го ставаме на среден оган.

4. Мешаме постојано за да не се сапечи додека добијеме густина (+/- 15 мин.)



Јас обошавам да мешам со жица за матење бидејки немам molinillo, кој е еден алат што го користиме во Мексико за подготовката на топли пијалоци. Во секој случај, жицата за матење е многу ефиказна затоа што се исбегава да ни се истури течноста на шпоретот, помага да не се залепи на тенџерето и се добива по кремаста текстура.

jueves, 17 de enero de 2019

Guacamole- Гуакамоле

Најпознатиот намас од мексиканската кујна е Гуакамоле. Станува звор за едноставен рецепт што може да се стави со многу раслични специјалитети како што се: Тортиља чипс (тотопос) начос, такос, кесадиљас, буритос и многу други. Но исто оди одлично  како намас со македонската кујна, со скара или едноставно во сендвичи или хамбургери. Мене ми е најомилен во кесадиљи и со скара.



Како дете памтам дека безброј пати сум помогнала со неговата подготовка, нај интересно веше да се толчи со вилушка.  Во регионот каде што живеев во Мексико многу често го правиме само со авокадо и сол, а посевно спремаме Пико де Гаџо.  Многу е лесно за праење но има неколку работи на кој треба да се внимава за тоа што ако не се јади одма, за кратко време оцрнува.

Во случај да се користи само дел од авокадото, немојте да го исвадите семето. Оставетего и покиетего авокадото со лупешката од користеното авокадо и потоа со фолија, но не може долго да остане така во фрижидер, за тоа користете го во рок од еден или два дена. Авокадото е најдобро кога е меко на допир но без да се познава каде што сте го фатиле. Добро авокадо се чустува слично на добра праска. Како и јаболката, еднаш да се удри и ке се расипи. За тоа, купете ги дури се зелени и покриетеги со хартија. Оставтеги во темно и свежо место, како што се просториите каде чуваме зимници. За гуакамолето или било што друго да е вкусно, мора авокадото да е здрело.

Состојки

2 авокада

1 мала лажица сок од лимета или лимон

1 мал домат

1 мал кромид

1 јалапењо чили пиперка или било која друга лута пиперка, жива

Сол

Коријандер или магдонос за украс


Прво ги сецкаме кромидот, доматот и пиперката. По тоа ги сечиме авокадата на пола по должина и ги ваѓаме семињата со помош од еден нож. Можете во видеото да ја гледате процедурата.

Со една лајца ќе ја извадите пулпата од авокадата и ке ја толчите со една вилушка.


Додавајте ги останатите состојки и сокот од лимон.  Сол се реди колку што ке се земи со два прсти.  Украсете со неколку лисија од коријандер или магдонос.

За да се оддолжи просецот на оцрнување, семето од едно авокадо можете да го ставите во садот заедно со гуакамолето, но ние тоа го правиме само ако не го сервираме веднаш, за тоа што гуакамоле на маса не може долго да остане!