jueves, 17 de enero de 2019

Guacamole- Гуакамоле

Најпознатиот намас од мексиканската кујна е Гуакамоле. Станува звор за едноставен рецепт што може да се стави со многу раслични специјалитети како што се: Тортиља чипс (тотопос) начос, такос, кесадиљас, буритос и многу други. Но исто оди одлично  како намас со македонската кујна, со скара или едноставно во сендвичи или хамбургери. Мене ми е најомилен во кесадиљи и со скара.



Како дете памтам дека безброј пати сум помогнала со неговата подготовка, нај интересно веше да се толчи со вилушка.  Во регионот каде што живеев во Мексико многу често го правиме само со авокадо и сол, а посевно спремаме Пико де Гаџо.  Многу е лесно за праење но има неколку работи на кој треба да се внимава за тоа што ако не се јади одма, за кратко време оцрнува.

Во случај да се користи само дел од авокадото, немојте да го исвадите семето. Оставетего и покиетего авокадото со лупешката од користеното авокадо и потоа со фолија, но не може долго да остане така во фрижидер, за тоа користете го во рок од еден или два дена. Авокадото е најдобро кога е меко на допир но без да се познава каде што сте го фатиле. Добро авокадо се чустува слично на добра праска. Како и јаболката, еднаш да се удри и ке се расипи. За тоа, купете ги дури се зелени и покриетеги со хартија. Оставтеги во темно и свежо место, како што се просториите каде чуваме зимници. За гуакамолето или било што друго да е вкусно, мора авокадото да е здрело.

Состојки

2 авокада

1 мала лажица сок од лимета или лимон

1 мал домат

1 мал кромид

1 јалапењо чили пиперка или било која друга лута пиперка, жива

Сол

Коријандер или магдонос за украс


Прво ги сецкаме кромидот, доматот и пиперката. По тоа ги сечиме авокадата на пола по должина и ги ваѓаме семињата со помош од еден нож. Можете во видеото да ја гледате процедурата.

Со една лајца ќе ја извадите пулпата од авокадата и ке ја толчите со една вилушка.


Додавајте ги останатите состојки и сокот од лимон.  Сол се реди колку што ке се земи со два прсти.  Украсете со неколку лисија од коријандер или магдонос.

За да се оддолжи просецот на оцрнување, семето од едно авокадо можете да го ставите во садот заедно со гуакамолето, но ние тоа го правиме само ако не го сервираме веднаш, за тоа што гуакамоле на маса не може долго да остане!

No hay comentarios.:

Publicar un comentario