miércoles, 25 de abril de 2018

Пико де Гаџо

Мексиканска Кујна е синоним на богати вкусови. На секоја мексиканска трпеза мора да има сос, која ке се стави на главното јадење или која ќе се реди во тортиљата. Но постојат и други работи со кој ги звогатиме нашите специјалитети во Мексико. 

pico de gallo Мексиканска Кујна
Pico de Gallo


Една од нив е Пико де Гаџо (pico de gallo).  Pico de gallo значи буквално клун од петел, но нема ниту една допирна точка со тоа. Pico de Gallo  е една салата составена од домат и кромид сецкани на мали коцки (1 цм или помали). Зависно од регионот може да се додават раслични други состојки како чили, коријандер и во по модерно време, раслични семенки.

Никој не знае точно кој е потеклото на ова салата што се додава на многу други специјалитети како што се гуакамоле,  начос и моџетес, но знаеме дека се јади во цела територија на Мексико. Нејзиното име можеби е дадено затоа што храната наменета за овије птици изгледа исто како ова „мрзлива салса“. Да, повеќето од сосови во Мексико мора де се толчат по печењето на нивните состојки, иако не е комплицирано да се готват, сепак Пико де Гаџо е многу полесно да се сготви. Затоа во некој краеви го нарекуваат „salsa huevona" (салса гуевона), но внимавајте прет да го користите тој звор, затоа што малку е некоректен ;)

Во Македонија можеме словодно да ја правиме ова салата, која е многу освежителна осовено во летниот период.  Свежиот кориандер не е задолжителен и морам да признавам дека на членовите од мојата македонска фамилија не им се допаѓа многу кориандерот, затоа не го мешам туку ставувам замо за мене.

Во Мексико користиме јалапењо чили или серано, но тие ретко можеме да ги наоѓаме во Македонија. Наместо нив, можеме да користиме било која друга лута пиперка свежа.

Состојки
1 голем домат
1/3 од  бел кромид
1/4 чаша свеж кориандер
1 мала лута пиперка, по можност темно зелена.
1/2 лимон, по можност зелен
Сол

Начин на готвење
Доматот. кромидот  и лутата пиперка се сецкат на мали коцки од 1 цм или помали. Кориандерот се сецка многу ситно.  Мешаме се во еден сад, додаваме сол и малку лимон.

Ова салата може да се сервира како гарнир со:

Quesadillas
Totopos- Tortilla Chips
Molletes









2 comentarios: