miércoles, 25 de abril de 2018

Кесадиљи ( Quesadillas )

Ако немаш време да готвиш нешто специјално, кесадиљите се еден супер избор. Кесадиљите се еден едноставен и лесен мексикански специјалитет  што Мексико најчесто се готви со тортиљи напраени од пченично брашно, но затоа што низ македонските маркети само се достапни пченични тортиљи, ние ќе ги готвиме со нив.



Пченичните тортиљи најчесто се консумираат во северниот регион на Мексико. Многу се слични на питите без квасец што ги наоѓаме во Турција и во арапските земјии. И има една причина за тоа: житото стигнал во Америка во времето на Шпанската колонизација а Шпанија била окупирана од муслиманска област од 711  до 1492 година од нашата ера. Исто така, меѓу шпанците колонизатори имало и ебреји кој ја смениле верата по католичката. Претешно тие се населиле на северот од Мексико за времето на колонизацијата и со нив ја донезоја пченичната пита, што во новиот свет се претворила во Тортиња, иста како пченкарната тортиља што ја јаделе индијанците прет инвазијата од Шпанија.



Во Мексико има една голема дискузија околу што е кесадиља и што е тако. Во мојот крај, кесадиљите секогаш имаат кашкабал или сирење (    queso), но во Мексико Сити, кесадиљата може да е со било што внатре освен кашкавал.





Состојки

8 Пченични Тортиљи

250 гр рендан кашкавал на собна температура



Начин на готвење



На една тава за палачинки се топлат тортиљите на среден оган.

Средина од секоја тортиља се полни со кашкавал

Се дипли тортиљата на пола и се носи повторно на тавата додека почнува да се гледаат мали златни точки во тортиљата. Кашкавалот мора де се топи.



За да не оладат кесадиљите, зтави ги на една дебела памучна крпа диплена, тоа ке помогне и за да не се исушат прет да се јадат.



Кесадиљите можес да ги сервираш со:

Гуакамоле

Салса

Пико де Гаџо

Толчен грав

No hay comentarios.:

Publicar un comentario