sábado, 21 de abril de 2018

Мексикансka Кујна: немерливо културно наследство

Кога некој дознава дека сум мексиканка многу често ми се доставени  два прашања: дали ти недостига Мексико и дали е точно дека многу јадите луто во Мексико. Одговорот на тие прашања е да.   Но не секој мексикански специјалитет мора да е огон лут!

Често готвам мексикански специјалитети. И ако многу е тешко да се наоѓаат некој состојки, сепак  е можно да се ужива бистински мексикански вкус во Македонија.

Мексиканската кујна е многу богата, но и раслична забисно од регионот. Мексико припаѓа во Северна Америка и е голема земја со вкупна површина од 1.972.550 км2 (15то место по големина на површината којашто ја зафаќа). Со други звороби, тоа е да собериме заедно површината од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија и Белика Британија. Во Мексико живеат 127,5 милиони луѓе, со раслични традиции, расличен начин на живот и дури со раслично етничко потекло. Сето тоа ја прави мексиканската кујна уникатна на светот.


Мексиканска кујна е знак на вогатсво по вкус и традиција. За тоа е признаена како една од најбогатите на светот. Се разликува од други по големиот број на зачини, мешавина од вкусови и богатиот избор на специјалитети: од морска храна до месни производи, од обичен зеленчук до ретките печурки од планините, мексиканската кујна има нешто да ги изненади сите членови од вашата фамилја.

На една традиционална мексиканска трпеза не може да фалат пченка, грав и, се разбира,  убав лут сос. Пченката се користи најчесто за готвењето на добропознатите тортиљи, но и за многу други специјалитети што ке ве научам да гответе. А што се однесува до гравот, се користи  како и во Македонија, или столчен како гарнир со ориз на страна. Доматот и кромидот се многу важни состојки заедно со лутите пиперки (чили). Тие се користат како состојки во многу специјалитети но и како сос. Сосови и тортиљи мора да се ставени на маса за секој оброк, како што се прави со лебот во Македонија. Тортиљите се готват со пченично или со пченкарно врашно. Тие што можеме да ги купуваме во Македонија се од пченично врашно, но вкусот е многу различен од домашните мексикански тортиљи.

Во Мексицо се користат многу зачини: кромид, лук, црн бибер, оригано и се разбира, чили. Има многу сорти, но најкористен е јалапењо чили. Овој чили може да се користи печен, во туршија, жив, рендан, мелен, дровен, во сос, цел, полнет, печен или како дел од специјалитетот.

Голема штета е да се мисли дека мексиканската кујна е составена од такос, начос и бурито. За тоа сакам да споделам што јадиме во Мексико и да ја промовирам бистинската мексиканска кујна, она што бабите не научија да готвиме за секојдневната трпеза.

Појадок (desayuno)

И ако се помалку луѓе имаат време да седнат на трпеза од сабајле, поголемиот број на мексиканци се трудат да јадат нешто лесно, колку да не се почни денот со празен стомак. Пиеме кафе, овошен сок, најчесто од портокал, млеко, топло чоколадо или атоле, кој е еден топол густ пјалок со раслични вкусови, како цимет, чоколадо или ванила. Топлото чоколадо што го пијеме во Македонија или салепот би биле најслично нешто на мексиканскиот атоле. Јадиме pan dulce (сладок леб), или овошје. 

Pan Dulce by Angélica Portales

Во поголемите градови денот почнува многу рано и има многу улични тезги каде што може да се јади нешто уште од 5 или 6 наутро. Во ваквите тезги се многу популарни утринските такос (tacos mañaneros). Тие се тортиљи полнети со манџа, а манџите варираат многу од град до град и од тезга до тезга. 

Утрински Такос

Ужина (аlmuerzo)

Во работната недела е тешко да се наоѓа време за ужина пред ручек за тоа што паузите на работа претежно се за ручек и почнуваат од 12:30 на пладне. Сепак, тие кој имаат време, имаат голем извор на специјалитети што се нудат во сите ресторани,но и се готват во секој дом. Станува збор за јајце на око со доматен сос, кајгана со најразлични состојки, или chilaquiles (чилакилес) кој се сецкани тортиљи пржени сервирани со сос, ситно сецкано пилешко месо со рендан кашкавал. Во многу градови, за утрото после ноќна забава, ужината задолжително содржува шкемве чорба (menudo).


Ручек (Comida

Во многу градови од Мексико сеуште луѓето можат да ручат дома бидејки паузата трае од 2 до попладне. Сепак модерниот начин на жибот го има сменато ова и се сголемува бројот на луѓето кој мора да ручат на работа или во ресторани.  За викендот, најтрадиционално е цела фамилија да се собери и заедно да готват скара. Ручекот го почнуваме со супа или крем супа (sopa aguada o crema) a потоа следува дневниот специјалитет, кој се состој од глабно јадење и една или две гарнитури. Месото се готви на плотна или во манџа со густ сос и се сербира со ориз и столчен грав.  Честопати имаме грав на страна, но ретко е главно јадење.  Салатите се секогаш достапни на мексиканските маси, заедно со сосовите и тортиљите. После ручек секогаш има место за десерт: сутлијач (arroz con leche),  неаполитански флан (flan napolitano), желе (gelatina) и многу други за кој ке ве научам во овој блог. Тортите и колачите почесто се јадат заедно со кафе или чај како Merienda, кој е оброк исмеѓу ручекот и вечерата.

Merienda  

Ова е време за кафе, за благо и за муабет со добро дружтво. Тортите, колачите и pan dulce се најчестите избори за Мериенда. Толку големо значење го има овој оброк, што честопати роденденските забави се нарекуваат Мериенда. Во зимскиот период, топлото чоколадо (кој во Мексико не е густ) е дел од овој оброк.



Бечера (Cena)

Ако вечераме дома, сигурно домаќинката ке не изненади со тоа што останало од ручекот. Честопати вечераме готово јадење од улични тезги, од тамали (tamales)   до такос. Тамалите се почестии за утринските часови во многу градови, но толку се вкусни што ретко кој ги одбива и за други оброци. На суб лист од пченка се мачка пченкарно тесто, се полни со манџа, се витка и се вари многу сати. За разлика од утринските такос, на вечер почесто се јадат такос полнети со месо на скара ситно сецкано. На крај се дополнат со свеж кориандер, кромид и сос.


Овие се само кратки црти на мексиканската кујна, се надевам дека ке уживате во следните постови каде што ке ве претставувам вистинските специјалитети од мојот роден крај.

No hay comentarios.:

Publicar un comentario