lunes, 13 de mayo de 2019

Coctel de Camarones- Коктел со Ракчиња

Мексико е огромна земја која се наоѓа исмеѓу Тихиот Океан, Мексиканскиот Залив и Карибското Море. Морските специјалитети се омилени не само во местата кој се наоѓаат блиски до морето туку и во внатрешноста од државата.

Еден омилен специјалитет е токму Coctel de Camarones (Koktel de Kamarones). Ракчињата имаат благ вкус на морска храна што е доста прифатлиб кај најмалите членови од фамилијата но и кај повозразните кој кај нас во Македонија често пати не се навикнати на некој по егзотични јадења.

За жежките денови од летниот период, вакви коктели се многу популарни. Како дете, често пати јадевме ракчиња на ваков начин, но мајка ми за жал не го правеше дома, туку не носеше во ресторан и тоа беше  и бидејки не сум од град блиску до морето морам да признавам дека повеќето од мојте сограѓани замо на ваков начин ги знаат ракчињата, но јас ке ви кажам во друга прилика уште некој други начини за нивната подготовка.

Состојки

400 гр Чистени Ракчиња
3          Домати (средна големина)
1          Авокадо
1 мал кромид или млад кромид
Коријандер (лист) или Магдонос
5 супени лажици кетчап
1 лимон ицеден
Сол
Свежи лути пиперчиња јалапењо, или било која друга лута пиперка фино сецкана.

1. Се става вода на оган со малку сол, ловоров лист, кромид и лук. Кога ќе соврие, се редат ракчињата од 3 до 5 минути да варат. Од ко ќе ракчињата добијат црвена боја  знаеме дека се варени и не треба да се преварат. Тогаш ги ваѓаме од водата и ги ладиме. Водата во која вареа јас ја чувам за рибна чорба, посевно е вкусна и искрено грев ми е да ја истурам. Ракчињата ги редам во замрзнувач за побрзо да остинат.

2. Еден домат се мели во влендер заедно со кетчапот и сокот од лимон. Во Мексико некој ја користат водата за сосот за коктелот, но затоа што за некој може да дојди премногу „морски“ вкус. Тука можете да додавате некој лут сос како што е Табаско, Хеинз или други.

3. Другите домати и кромидот ги сецкаме на мали коцки од 1 цм. За тоа подобро е да се користат домати што се здрели но усте јаки. Ако имаме меки домати тие се подобри за сосот што го праевме со блендерот.

4. Лутите пиперки ги сецкаме на зитни парчиња.

5. Коријандерот и Магдоносот ги дровиме фино.

6. Авокадото го сецкаме на парчиња од околу 1,5 или 2 цм. Едно авокадо доволно е за 400 гр ракчиња, но може да се реди и повеќе.

7. Ги мешаме сите состојки заедно и ги оставаме во фриџидерот или во замрзнувачот околу 30 мин.

Овој специјалитет се стави ладно и се сервира во Мексико со солени кракери со неуртрален вкус како оној од соленките, но мојте македонци овожаваат да макаат со леб!
Image result for coctel de camarones estilo monterrey
Бидејки ракчињата се доста скапи кај нас, коктелот го сервирам како гарнир или предјаење осовено за периодот од Велигденските пости но во Мексико е главно јадење кој се сервира во високи чаши како оние што се користат за десерти. На тој начин многу е лично и ако го спремате за гости сигурно ќе ги изненадите!

No hay comentarios.:

Publicar un comentario