sábado, 11 de enero de 2020

Пиперки со Сирење на Мексикански Начин - Rajas con Queso en Salsa

Еден од мојте најомилени специјалитети од мексиканската кујна е пиперки со сирење во сос од домати.

Специјалитет на мајка ми, најмалку еднаш неделно го готвење за доручек или за ручек. Да се најде добро сирење во големите градови од Мексико е тешка задача. Се има растителна маст и еден вкус како на пластика. Јас мислев само мене и на мојте така ни одеше вкусот но една прилепчанка која замина во Мексико го  потврди тоа.  Така секоја недела одеше кај нас Дон Педро Виџареал, кој ги носеше едни од најубавите сирења што сум ги јадела во животот.

Начинот за готвење е сличен на македонскиот начин на готвење на летните манџи со пиперки и домати.


Состојки

Дровени Пиперки  по можност во ленти(затоа што свекрвата е добра домаќинка, Јас исвадив едно најлонче од од фрижидерот 😂😂).

150 гр виено сирење

Еден голем домат мелен или 350 ми домашен сос од домати.

Еден кромид древен во ленти  или праз (во Мексико користиме кромид но признавам, манџите со праз се многу повкусни).

Сол по потреба, Јас наредов една мала лажица.

Пиперките и кромидот ги пржиме на силен оган, ги додаваме доматите. Кога зовриваат доматите, се додава виеното сирење и се остава на тивко додека омекне сирењето. Пробаме за сол и манџата е готова.

Се јади со топли тортиљи, со макање или како фил за такос. Јас, на жал, не направив тортиљи и ќе мора да макам со тазе леб печен на дрва!

No hay comentarios.:

Publicar un comentario